Регион 09. август 2019. / 19:41

Земјотрес во Турција – оштетени се 1.000 згради

Земјотрес во Турција – оштетени се 1.000 згради

Во Турција речиси 1.000 згради се оштетени во земјотресот што го погоди западниот дел од Турција, соопштија властите во земјата.

Во областа што вчера ја погоди земјотрес со магнитуда од 6 степени, тешко се оштетени 108, а умерено 868 објекти, изјави турскиот министер за урбано планирање, Мурат Курум.Повредени се дестина луѓе. Мештаните за време на потресот панично бегале на улица.