Регион 28. февруари 2020. / 11:00

Затворено училиштето во кое учат децата на заразената од коронавирусот во Атина

Затворено училиштето во кое учат децата на заразената од коронавирусот во Атина
Athens, Acropolis, from Ancient Agora

Приватното средно училиште во кое учат децата на 40-годишната жена од Атина, заразена со коронавирусот, денеска е превентивно затворено, јави дописничката на МИА од Атина.

Од „Колеџ Атина“, соопштуваат дека по наредба на министерката за образование и по препорака на Националната организација за јавно здравје, училишните единици за средно образование, како и градинката денеска ќе бидат затворени, од превентивни причини.

Грчките медиуми објавија дека со 40-годишната, на патувањето во Италија, каде што и се заразила со вирусот, била и нејзината ќерка, која веднаш по враќањето во Атина, заминала на екскурзија во Лондон.