Регион 11. февруари 2019. / 15:18

Заради таксите американски генерал ја откажа посетата на Косово

Заради таксите американски генерал ја откажа посетата на Косово

Амбасадата на САД во Приштина денеска потврди дека командантот на Националната гарда на Ајова, генерал-мајор Тимоти Ор, ја откажал посетата на Косово заради таксите кон производи од Србија и БиХ.

Можеме да потврдиме дека посетата на генералот Ор е откажана заради таксите за производите од Србија и БиХ, рекол портпаролот на американската амбасада во Приштина, Ричард Мај.