Регион 08. февруари 2021. / 11:57

Запленети сувомеснaти производи за Западен Балкан, ги пренесувале без дозвола

Запленети сувомеснaти производи за Западен Балкан, ги пренесувале без дозвола

Дури 600 килограми сувомеснати производи биле запленети при претрес на два автобуси кои биле тргнати кон земји од Западен Балкан. Ги заплениле германските цариници во Штутгарт а по проверката било утврдено дека стоката ги немала потребните сертификати. Сувомеснатото било спакувано во патни торби, јавуваат хрватските медиуми.

Според правилата на оние кои ја пренесувале им следува казна поради внесување храна во земјата без дозволи. Шверцерите за храната ќе мора да ги платат сите трошоци, меѓу кои и уништувањето на стоката.

Целта на забраната за увоз на храна без сертификати е спречување ширење опасни болести од животни, како африканска свинска чума – изјавил портпаролот на Главната царинска канцеларија Томас Семан.

Такви месни производи може да носат многу заразни патогени и да доведат до опасно ширење на епидемија во Германија, додаде шефот на ветеринарната станица во округот Ешлинген Кристијан Макрварт.