Регион 14. ноември 2018. / 13:28

Запленети повеќе од 130 нерегистрирани увезени автомобили на Косово

Запленети повеќе од 130 нерегистрирани увезени автомобили на Косово

Косовската полиција заплени 131 автомобил во акцијата Таргат за откривање нерегистрирани возила увезени од европските земји, пренесуваат косовските медиуми на српски јазик.

Тие возила биле одјавени во земјите од кои се увезени, додека на Косово за нив било платено само привремено осигурување, а косовската полиција се сомнева дека два автомобили, од 131, се украдени.

Како што јави косовската полиција, акцијата до 12 ноември траела речиси еден месец, спроведена била на целата територија на Косово, и ќе биде продолжена и во следниот период.

На Косово во исто време траат напорите границата за увоз на половни автомобили да се помести над десет години, и покрај силното противење на Канцеларијата на ЕУ и останатите западни меѓународни актери, кои сметаат дека кревањето на ограничувањето уште повеќе ќе ја загрози животната средина.