Вишеградската група се покажа како најодржлива иницијатива и платформа за соработка на државите од Централна Европа. Вишеградската четворка претставува еден од најрепрезентативните примери за меѓувладино здружување на повеќе држави(РепубликаЧешка, Република Словачка, Република Полска и Унгарија).
пишува: М-р Драган Поповски
Всушност идејата за здружување на Вишеградскиот регион не фигурира само од 1991 година, кога и формално е основан,туку од далечната 1335 година кога токму во градот Вишеград во Унгарија,централно-европските кралства одржале Вишеградски конгрес, т.н. состанок на кралевите, со цел решавање на меѓународните спорови.
Меѓутоа покрај воспоставената агенда за мировните договори меѓу Бохемија и Полска и мировните договори меѓу Полска и Тевтонскиот ред, во Вишеград била креирана и идејата за економски сојузи , започната преку декретот издаден од Чарлс I, во Вишеград, на 6 јануари 1336 година, со кој се регулираат трговските патишта и царинската тарифа помеѓу Унгарија и Бохемија. Низ годините В4 постигнала многу успеси, организирајќи годишно и по 32 министерски работни средби, самити и меѓународни конференции.
На почетокот групата најчесто соработувала со своите соседи, меѓутоа како поминувале годините таа ја проширила својата соработка и со останатите држави а особено ја продлабочила соработката со државите од Западен Балкан.
Најрелевантен податок кој говори за меѓународниот импакт кој што го има В4 е Меѓународниот Вишеградски фонд, кој преку разни грантови овозможува милионска подршка, за ваквото меѓународновлијание допринесува донаторското учество на повеке земји меѓу кои: Канада,САД, Јужна Кореја, Холандија, Германија, Шведска и Швајцарија. Донациите од овие држави ја надминале и сумата од 10 милиони евра, додека Вишеградската груа исто така ги зголемила средствата за Меѓународниот Вишеградски фонд од 3 милиони евра во 2005 година на 8 милиони евра во 2014 година.
Покрај економското здружување, В4 учествувала и во процесите на заедничко зачленување во НАТО алијансата. Истата година кога станале членки на НАТО алијансата (12.03.1999 г.) Вишеградската група го актуелизирала прашањето за Западниот Балкан уште во септември 1999 година, на средбата на државни секретари во Министерството за надворешни работи во Прага. На оваа средба покрај дискусијата за ЕСИД, се дискутирало и за визната политика како и за стабилноста на Балканот.Покрај заедничкиот настап на В4 во НАТО тие заеднички пристапиле и кон зачленувањето во ЕУ во 2004 година.
Всушност доколку се направи една паралела помеѓу В4 и ЕУ, ќе се забележат многу заеднички особини сопроцесот на прекугранична соработка меѓу соседитеInterreg IPA-CBC, како и другата сличност- ротирачкото претседателство, кое во ЕУ е на 6 месеци, додека во В4 тоа е во временски период од 1 година.
Западниот Балкан е од особено значење и за ЕУ но и за В4. Економските партнери се особено важни, па токму затоа и В4 континуирано ја гради и продлабочува соработката со државите од Западен Балкан бидејќи станува збор за нивните јужни соседи. Па доколку постои наредок и развој на трговијата тоа ќе биде взаемен успех, додколку постојат турбуленции секако ќе се одрази и на нивната состојба.
Со започнувањето на мигрантската криза, В4 беа меѓу првите држави кои ова прашање го издигнаа на највисоко ниво, и покрај морална и политичка подршка тие испратија подршка на своите балкански колеги со гранична полиција и техничка помош.
Покрај годишните самити и состаноци на министрите за надворешни работи, интензивирањето на соработката со Западниот Балкан беа токму граѓанските организации, кои најпрвин направија вмрежување а потоа преку директни проекти ги следеа позитивните практики и искуства од В4. Овие делувања беа подржани токму од меѓународниот Вишеградски фонд, а подоцна и од Вишеградскиот фонд за Западен Балкан.Исклучително добрата соработка на В4 со Западниот Балкан продолжила сите години па соработката се интензивирала уште повеќе и во 2016 година бил одржан самит со премиерите на Западниот Балкан.Токму со овој потег В4 сакаат да потенцираат дека на држвите од Западниот Балкан гледаат како на партнери. И токму преку повеќегодишните успешни соработки и грантови од страна на Меѓународниот Вишеградски фонд , докажаа дека не само декларативно туку и реално го подржуваат регионот .
Меѓутоа соработката сеуште има простор да се развива особено кога ќе се увиди фактот дека само преку здружени економии може да се постигне поголем раст на БДП. Особено важен сегмент е фактот дека повеќето од земјите во годините наназад континуирано добиваат предпристапна помош од ЕУ.
Голем дел од европските фондови не се искористуваат од државите од Западниот Балкан поради немањето ан дволоно капацитети за изготвување на квалитетни проекти. Токму во тој процес значаен допринос дадоаграѓанските организации, кои преку користењето на помошта од своите колеги од В4 успеа да имплементираат низа на проекти за јакнење на административните капацитети но и на самите општества.
Паралелно со соработката со В4, регионот на Западен Балкан е активен и на Соработката 16+1. Па доколку се резимира ќе се утврди дека врската на Вишеградската група со Западниот Балкан е јака и покрај можноста за продлабочување на економската соработка, државите од В4 се и најголемото лоби за евроинтегративните процеси на државите од овој регион.
Едностанво доколку се аплицира на некој од активните огласи од граѓанскиот сектор објавен од В4, граѓанската организација ќе мора да воспостави партнерство и вмрежување со најмалку три ГО од Вишеградската група.
Овие вмрежувања и соработка се всушност базата за т.н ментор на Западниот Балкан, бидејќи доколку се постигне согласнотс околу новата метологија предложена од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, покрај отпочнување на проеговорите за отварање на Европски поглавја и реверзибилниот процес, се споменува и можниот пристап до Структурните фондови кои за разлика од ИПА програмата се многу покомплексни и поголеми и даваат пристап до милијарди евра од Европските фондови. Токму В4 земјите би биле првите држави кои би им помогнале на Македонија и на другите земји кандидатки за ЕУ во доменот на искуство и искористување на Структурните фондови.
Воспоставениот мини-шенген изминативе денови, каде се потенцираат предностите за патување во државите од Западен Балкан само со лична карта, намалувањата во роаминг, можноста за взаемно признавање на дипломите и пристапот до пазарот на трудот претставуваат еден почеток на Вишеград на Балканот.