Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова објасни дека погрешно се толкува нејзиниот пост на Фејсбук со фотографија на српскиот претседател Александар Вучиќ на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп.
Захарова изјави дека постот укажува на несогласување со арогантниот став на „исклучителните“.
Се извинувам, но мојот пост беше погрешно протолкуван! Единственото нешто што беше напишано во него беше несогласувањето со арогантниот став на „исклучителниот“ – додаде Захарова на фотографијата.
– Триковите за протокол станаа еден од пристапите што американските официјални лица редовно го користат со цел вештачки да создадат изглед на сопствена исклучителност. И тоа е неприфатливо – потенцираше портпаролката.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска на својот Фејсбук профил објави фотографија на претседателот на Србија, Александар Вучиќ од Белата куќа, како седи на столче наспроти работната маса на Доналд Трамп, споредувајќи ја со култната сцена од филмот „Ниски страсти“.
По оваа објава следуваа остри реакции во Србија, меѓу кои и на Вучиќ, кој оцени дека „се работи за нејзин простатилук“, велејќи дека можел и да клекне и да стои пред Трамп, но чест било да влезе во Овалната сала и да разговара за важни прашања за Србија.