Нова трагедија го погоди денска Петриња. Животот го загуби волнтер кој помагал во санацијата на штетите. Тој паднал од кровот кој го поправал на една од оштетените куќи.
Пожарникарите и Итната помош се обиделе да му помогнат, но реанимацијата била неуспешна. 57 годишниот човек бил поранешен специјалец во пензија.
На семејството чиј дом бил уништен во земјотресот му ја подарил сопствената камп куќичка, а денеска помагал во санација на кровот што се покажа кобно за него.