Регион 01. јуни 2018. / 11:12

За шест месеци во Косово 742 уапсени во акцијата „Стоп за дрогите во училиштата“

За шест месеци во Косово 742 уапсени во акцијата „Стоп за дрогите во училиштата“

Од октомври минатата година, кога започна акцијата „Стоп за дрогите во училиштата“, до крајот на март годинава, косовската полиција уапсила 742 лица, од кои 152 ученици, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Од оваа бројка на приведени, 194 лица биле растурачи (дилери), а 548 корисници на дрога, објави денеска „Коха Диторе“.

Полицискиот портпарол Даут Хоџа за весникот изјави дека 152 од уапсените се под 19-годишна возраст, а 590 други меѓу 20 и 30 години.

Во акциите, покрај наркотични средства, се запленети и 10.776 евра, 20 парчиња оружје, 220 куршуми, 2 железни боксери, 4 автомобили, 4 метални палки, 6 ножеви.