Регион 31. јануари 2020. / 10:45

За новата влада на Косово ќе се гласа в понеделник

За новата влада на Косово ќе се гласа в понеделник

Претседателството на косовското Собрание одлучи денеска пленарната седница на која ќе се гласа за составот на новата Влада на Косово да се одржи в понеделник, на 3 февруари,.

Собраниската седница е свикана на барање на мандатарот за состав на новата влада, лидерот на партијата победничка на октомвриските избори, Движењето Самоопределување (ВВ), Албин Курти.

Собраниското претседателство ја закажа понеделничката седница за во 11 часот.

Курти побара одржување на пленарна седница, на која ќе го предложи составот на неговиот кабинет, и покрај тоа што се уште нема постигнато договор за коалиција со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), и по три и пол месеци преговори од одржувањето на изборите.