Во последните 24 часа, од вкупно извршени 480 тестови, 258 биле позитивни на Ковид-19.
Како што објавија здравствените власти во Косово, најголем број заразени има во Приштина, Пеќ, Гњилане, Урошевац.
Во последните 24 часа се регистрирани и 16 починати пациенти. Вкупниот број на позитивни случаи на Косово е над 8.100.
Во последните 24 часа се излекувани 196 пациенти, со што вкупно се излекувани 4.463 случаи. Активни случаи на Косово се 3.429 лица.