Регион 13. јануари 2020. / 11:49

За една година цените на недвижностите во Хрватска пораснале за 10 отсто

За една година цените на недвижностите во Хрватска пораснале за 10 отсто

Цените на невижностите во Хрватска минатата година пораснале за 10 отсто, со што земјата е на трето место во Европа според поскапувањето на метар квадратен станбен простор.

Податоците на хрватските власти покажуваат дека најскапи се недвижностите во Дубровник, Сплит и Загреб, а најевтини во Вуковар и Славонски Брод.

Според стапката на поскапување на недвижностите во Европа, пред Хрватска се само Унгарија и Луксембург.

Загреб како главен град и економски центар е атрактивно место за вложување во градбата на нови станови. Во овој момент таму се градат над 1.000 станови, а големите инвестиции ги кренаа цените на становите, кои сега изнесуваат над 2.000 евра за метар квадратен.