Говорејќи за односите меѓу државите на Балканот и „малиот Шенген“, српскиот министер за одбрана Александар Вулин, истакна дека секогаш кога балканските држави одлучувале самите за себе, тие живееле во мир, но дека кога за нив одлучувале други, тогаш имало војни.
– Кога тие одлучуваа за нас, војувавме за туѓи интереси и крвариме поради конфликтите и несогласувањето на големите сили кои можеа тука да земат вода, воздух и земја и тие не се грижеа за нас кои живееме тука. Така беше порано, така е и денес – посочи Вулин.
Српскиот министер посочи дека воспоставувањето граничниот премин помеѓу Србија и Македонија, Миратовац-Лојане ќе го подобри движењето на граѓаните и размената на стоки меѓу двете држави и ќе го олесни сообраќајот преку заедничката државна граница.
Тој ги повика пратениците да гласаат за договорот за тој премин.