Регион

Вулин до Заев: Нема Косово и Србија, туку само Србија

Вулин до Заев: Нема Косово и Србија, туку само Србија

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин, му одговори на македонскиот премиер Зоран Заев на неговите изјави дадени во Брисел, велејќи дека Македонија и Србија немаат исти цели, и дека Србија ќе остане воено неутрална земја.

За време на самитот на НАТО во Брисел, Заев рече дека се надева оти решението со Грција ќе ги охрабри Србија и Косово да продолжат со дијалогот.

„Заев мора да знае дека не постојат Србија и Косово, туку постои само Србија и територија која е под привремена управа на Обединетите нации, во согласност со резолуцијата 1.244. Македонија и Србија немаат исти цели. Ние сакаме неутралност, сакаме да решаваме сами за себе. Се додека ја води Александар Вучиќ, Србија ќе остане воено неутрална, а Косово нејзин составен дел.“