Поранешниот црногорски претседател Филип Вујановиќ останува запаметен како рекордер меѓу колегите од регионот по број на помилувања.
Од затвор тој поштедил 500 осуденици, за 15 години колку што извршуваше функција. Во тој период Вујановиќ примил околу 2.500 молби за помилување, и одобрил една петтина.
Според него, како што јави РТЦГ, се е според законот. – За овие 15 години следев државна политика која со процес на ресоцијализација избегнуваше извршување казнени санкции и потреба да се упатуваат на издржување казна, изјави Вујановиќ за РТЦГ.
Претседателот на Црна Гора на краојот од секоја година го објавува бројот на примени молби за помилување и број на оние кои ги одобрил.
Наместо имиња познати се само иницијали на затвореници што на невладиниот сектор му го отежнува следење на листата на помилуваните, но и формирањето статистика.
Вујановиќ изјави дека за сите помилувања имал позитивно мислење од Министерството за правда.
Новиот закон за помилување во Црна Гора стапи во сила пред речиси шест години. Со него е укинато задолжителното мислење на судот, а на претседателот му е дадена можност да помилува по сопствена иницијатива.