Вашингтон на српскиот претседател Александар Вучиќ му испорача ултиматум со порака дека има три месеци рок да го реши прашањето со Косово онакаво како што е зацртано од Запад.
Во спротивно, ЦИА е подготвена да тргне во акција со смена на власта во Србија, а Вучиќ и неговите блиски ќе се најдат на политичко- медиумски удар, пишува “Српски – телеграф”.
Преку дипломатски канали пренесено му е на претседателот на Србија, рокот е три месеци за исполнување на барањата, продолжување нема. Покрај него на удар ќе се најдат министрите Небојша Стефановиќ и Александар Вулин. како и директорот на БИА Братислав Гашиќ.
– На Американците и нивните сојузници по прашањето за Косово не им оди онака како планираа. Како што тие гледаат, работите се отргнаа од контрола, Србија и Вучиќ не попуштат ни малку и не дозволат било што кога станува збор за во меѓународен план, додека напоредно со тоа јакне подршката која Србија која ја има пред се од Русија и Кина – објаснува упатениот соговорник на Телеграф срб. поради што Вашингтон е се понервозен.
Спрема она што протече, доколку Вашингтон не го добие тоа што го сака, од септември-октомври ќе започне ЦИА со менување на власта, креирајќи афери, спинови, секако финансиски поткрепени токму оние кои на внатрешен план се против Вучиќ.
– Имињата кои се спомнати и се цел на американците е знак дека ЦИА тргнува на одбранбено-безбедносниот систем. Тоа е пробана матрица и веќе видена во Македонија и треба да се земе за сериозно. Резултатот од тоа е да се испровоцира реакцијата на Србија и да се прикаже нејзината неспособност, а после тоа се е веќе познато – нагласува професорот по меѓународно право Срѓан Перишиќ.
Дипломатот Зоран Миливојевиќ смета дека овој ултиматум која е директна наредба е најостра од сите досегашни укажувања:
– Кога САД како голема сила има ситуација каде што недоразбирањата со Европа, која не ја подржува политиката на Трамп, тогаш трга со џон во настојување се да реши молскавично. Дадениот рок од три месеци, по мое мислење е поради глобалните односи. А остварувањето на планот му овозможува на Вашингтон да и покаже на Русија и Кина кој е главен.
Претседателот на собранискиот Одбор за контрола на службата за безбедност Игор Бечиќ не го изненадува овој притисок.- Претседателот Вучиќ има верзија за конечно решение на косовското прашање, и покажа многу пати дека не се плаши од носење на одлука и одговорност. Америка е позната по ултимати и тоа ништо не е ново, но нашата државна политика може да преживее и под такви притисоци – рекол Бечиќ.