Регион 22. ноември 2018. / 14:20

Вучиќ: Вооружени албански трупи се движат кон северот на Косово

Вучиќ: Вооружени албански трупи се движат кон северот на Косово

На состанокот со косовските Срби, прерседателот, Александар Вучиќ, соопшти дека почнеле движење на вооружени албански трупи кон северот на Косово.

Организирано е палење на српски производи, како еврејските книги на времето, погледнете ја таа слика ве молам-рече Вучиќ.

Тој најави дека Србија будно ќе ја следи целата ситуација и ќе преземе соодветни мерки за заштита на Србите на Косово, на кои, како што рече, им го сопреа и кислородот во салите за операции во болниците.

По отфрлањето на барањето за прием на Косово во Интерпол, од вчера косовските власти воведоа зголемување на таксите за српски и босански производи за 100 насто.

Се влошува ситуацијата од час во час, а односите меѓу Косово и Србија стануваат позатегнати, информираат српските медиуми.