Српскиот претседател Александар Вучичќ изјави дека во интерес на Србија е да се постигне правно обврзувачки договор со Албанците и оти за негово постигнување мора да има широка сосгласност и мнозинска волја на српското опптество.
– Во интерес на Србија е да се постигне догвоор со Албанците без оглед на тоа дали ќе станеме членка на Европската унија или не. Но, кога тоа би се случило, уверен сум дека вратата би ни била широко отворена, изјави тој.
Во интервју за „Вечерње новости“, Вучиќ вели дека со својот предлог за решавање на косовското прашање ќе излезе кога ќе оцени дека е тоа добро за државата и кога ќе може да бидат постигнати одредени резултати.
– И да биде зголемен петпати БДП и да бидеме шампиони во реформи, ЕУ ќе не услови со решавање на прашањето за Косово. Нема сомнение дека тоа е клучна работа и кога ни велат други работи, всушност мислат на Косово. Затоа сакаме да постигнеме еден вид компромисно решение, вели Вучиќ.