Регион 03. декември 2020. / 23:52

Вучиќ: Убеден сум дека ќе ја победиме короната

Вучиќ: Убеден сум дека ќе ја победиме короната

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на гостувањето на националната телевизија РТС рече дека е оптимист дека земјата ќе издвои победа над коронавирусот.

Сигурен сум дека ќе го победиме коронавирусот, и покрај тоа што имавме тешки денови, рече српскиот претседател.

Тој оптимизмот го темели на српската дисциплина, одговорност, борбеност, во желбата да ја победат оваа болест и во вакцината.

Србија се снаоѓа и ќе се снајде и верувам дека нема да биде во другата половина на земји кои ќе обезбедат вакцини, изјави тој.

Вучиќ додаде дека е горд на болницата во Батајница, која утре ќе ги прими првите пациенти.