Претседателот на Србија, Александар Вучиќ итно повика на состанок заради влошената состојба во регионот, дознава Танјуг.
Итниот состанок се одржува во моментов, а со Вчиќ се и министрите за надворешни работи Ивица Дачиќ, за внатрешни Небојша Стефановиќ, за одбрана Александар Вулин и директорот на Безбедносно информативната агенција Братислав Гашиќ.