Регион 12. март 2020. / 22:46

Вучиќ се обрати до нацијата по повод најновите случувања со корона вирусот

Вучиќ се обрати до нацијата по повод најновите случувања со корона вирусот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави вечерва во обраќање до граѓаните по повод ситуацијата со корона вирусот дека нема место за паника ниту потреба од дополнување со намирници, дека воените залихи се полни, дека е државата подготвена и дека ќе се бори за секој граѓанин на Србија.

Тој во специјалното обраќање рече дека во овој момент Србија има 1008 респиратори, и додаде дека за 25 дена ќе добијат уште 500 респиратори.

Тој нагласи дека сите заразени не се вклучуваат на респиратори туку се само за најболните и дека моментално од 24 заразени во Србија, само еден е вклучен на машина.

– Верувајте на својата држава, ние деноноќно се бориме за вас, изјави Вучиќ и додаде дека од утре Клиниката за инфективни болести ќе се занимава само со заразените од корона вирус и апелираше граѓаните да прават резерви на храна.

Тој потсети дека Словенија, Хрватска, Велика Британија не ги затвориле училиштата и ги повика граѓаните да ги остават лекарите да донесат такви одлуки и вети дека државата нема да ги крие тешките последици кои сигурно ќе ги има.

-Од вас бараме дисциплина, одговорност и почитување на државата, порача Вучиќ.

Тој додаде дека ова е светски проблем и дека ќе се борат најжестоко на начин да се сочува секој човек.