Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска пристигна во Света Гора во манастирот Хиландар. Ова е прва официјална посета на еден српски претседател на манастирот.
Вучиќ ќе присуствува на божиќната литургија вечерва во 2 часот по полноќ.
Тој претходно објави фотографија од Грција на својот Инстаграм профил, пред да влезе во бродот што ќе го однесе до Атос.

Српскиот претседател најави дека ќе го прослави најсреќниот христијански празник токму таму, на Света Гора.
– Кратка пауза пред да пристигнеме на бродот, во Уранополис. Многу сум нервозен, но особено сум среќен што за околу еден час ќе имам можност да го посетам духовниот центар и нашето најважно светилиште, манастирот Хиландар на Света Гора, напиша претседателот на својата објава на Инстаграм денес.