Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе допатува денеска во Берлин каде ќе разговара со Ангела Меркел, соопшти кабинетот на германската канцеларка.
,,За време на заедничкиот ручек, посебно ќе се разговара за билатералните односи, како и за регионалните прашања, но и на европско-политички теми ”, се наведува во соопштението. Најавено е дека Вучиќ и Меркел пред состанокот ќе дадат изјава за медиумите.
Вичиќ денеска доаѓа во втора посета на Берлин на посета на канцеларката, во релативно краток период, со оглед на тоа што претходниот состанок двајцата лидери го остварија на 27 – февруари, и тогаш на повик на Меркел. Вучиќ пред два дена во Мостар најави дека сака од канцеларката да слушне како таа гледа на односите помеѓу Белград и Приштина, севкупните регионални односи, но и дека бара поддршка во потрага за компромис меѓу Белград и Приштина.