Српскиот претседател Александар Вучиќ за Денот на државноста приреди свечен ручек во зградата на Претседателството.
На фотографиите објавени на Инстаграм профилот на „Иднината на Србија“ може да се забележи дека Вучиќ лично ги послужува гостите. Меѓу нив, на ручекот бил и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ како и Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите.
Меѓу официјалните гости беше и патријархот на Српската православна црква Иринеј.