Претседателот на Србија, Алексндар Вучиќ, изјави дека српските безбедносни служби му сооштиле дека е можно Косово да добие добро познато германско оружје за уништување на противоклопни возила и хеликоптери, како и пушки Г-36. Ваквата реакција на Вучиќ доаѓа по пишувањата на дел од српските медиуми дека Германија ја вооружува косовската армија, а информацијата ја побарал од Агенцијата за воено разузнавање веднаш штом ја прочитал веста по медиумите.
Мислам дека не, но не ја исклучувам можноста дека ќе добијат тенкови „Леопард“. Нешто чудно се случува, сите во регионот се вооружуваат – изјави Вучиќ.
Коментирајќи го фактот дека германските закони забрануваат извоз на оружје во земји што не се членки на НАТО, Вучиќ истакна дека пред неколку години Србија не можела да ги добие пушките „Хеклер“ и „Кох“ од Германија и затоа се определиле за белгиската пушка, која, како што потенцира Вучиќ, е исто така фантастична.
Српскиот претседател вели дека добил извештаи за целиот регион од претставниците на Српската армија и дека бил изненаден кога го видел тоа, затоа што не ги гледал тие извештаи два и пол месеци. Како што вели тој, Србија заостанува во однос на Хрватска кога станува збор за оклопните возила и затоа ќе направи најголеми нарачки од домашната индустрија за оклопните возила „Лазар“ и „Милош“ и ремонт на пешадиските возила.
Вучиќ додава дека Србија има свои предности, за кои не би зборувал. Вучиќ исто така рекол дека има огромен проблем со обуките и дополнителното вооружување на Косовската армија, но посочил дека Србија ќе биде заштитена.
Според претседателот на Србија, земјата ќе може сама да се заштити.