Регион 08. април 2020. / 09:42

Вучиќ: Не ја исклучувам можноста за 24-часовен карантин на Белград

Вучиќ: Не ја исклучувам можноста за 24-часовен карантин на Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ гостувајќи на телевизијата РТС изјави дека не исклучува воведување 24-часовен карантин на територијата на главен град.

Тој наведе дека е вознемирен секој ден кога ќе чуе колку заразени и починати има од коронавирусот во Србија. На прашањето дали во Белград ќе се воведува 24-часовен карантин, Вучиќ одговори:

Не би исклучил таква одлука – и додаде дека се чекаат бројките за таквата одлука. Во Србија има 2,447 случаи на коронавирус, 61 починат и 118 лица излечени.