Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјавил во Тирана, каде што учествуваше во Процесот Брдо-Бриони, дека на Хашим Тачи му рекол дека не му помага ниту Америка, ниту било кој друг странски пријател.
–Темите беа за реагионалната стабилност и сочувување на мирот и секој изнесуваше своја идеја. Се виде колку конфликти има, не само во Западен Балкан туку и пошироко. Од друга страна задоволен сум што отворено зборувавме и мене денес ми беше полесно, со претседателот Додик. Рамо до рамо ги штитевме интересите на Српска и Србија. Многумина не научиле вака отворено, но промислено и релаксирано да заборувам за ова, истакнал Вучиќ.
–Му реков на Тачи „Можете да викнете и Американци и други, но ова е прашање на Србија и Албанија. Не постои таа сила која ќе ја натера Србија да се однесува против своите интереси.
Вучиќ истакнал дека најлесно е нешто да се критикува и да се биде против нешто, за тоа секогаш се наоѓа причина.
–Што ги интересира оние на Исланд или Малта како ние ќе го решиме нашето прашање? Тоа е само наша работа. Лесно е да се биде против нешто, гледај го оној што турка камен низ брдо, па му додаваат уште каменчиња. Им реков „Ајде да видам како ќе го решите тоа“. Го прашав Тачи „Што правиш бре ти? Сам ли го смисли тоа или некој ти помогна?“. Со тие зборови му реков. „Ти не сакаш ова, не сакаш она, еве јас не сакам ништо од тоа што го понуди, и што ќе правиме сега?“ – истакнал Вучиќ.