Регион 27. март 2020. / 13:46

Вучиќ му порача на Џонсон: Брзо закрепнување, продолжете со борбата

Вучиќ му порача на Џонсон: Брзо закрепнување, продолжете со борбата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ му посака брзо опоравување на премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон.

– Ви посакувам брзо закрепнување. Брзо опоравете се и продолжете да се борите, му порача Вучиќ на Џонсон на твитер.

Британскиот премиер претходно во видео обраќање на Твитер потврди дека има благи симптоми во последните 24 часа и дека неговиот тест за вирусот корона е позитивен.

Тој додаде дека е во изолација, но ќе продолжи да ја води британската влада во борбата против вирусот.