Регион 03. февруари 2020. / 18:30

Вучиќ му пиша на Си Џипинг: Ја споделуваме нашата тага со братскиот кинески народ!

Вучиќ му пиша на Си Џипинг: Ја споделуваме нашата тага со братскиот кинески народ!

Српскиот претседател, Александар Вучиќ испрати писмо до претседателот на Кина, Си Џипинг, во кое се вели дека Србија ја споделува тагата со братскиот кинески народ за жртвите од епидемијата на вирусот корона и ја нагласува подготвеноста на земјата да помогне на кој било можен начин.

Ве молиме, пренесете го нашето длабоко сочувство до семејствата на починатите, а на болните им изразуваме охрабрување да се справат со оваа болест.

– Додека ја делиме загриженоста за можните последици од болеста и со Вас стоиме над секој заразен, во исто време со восхит следиме како одважно се соочувате со овој „демон“, како што Вие го нарекувате вирусот корона, уверени дека, со Вашата мудра политика, ќе изнајдете решение и ќе го победите, наведува Вучиќ.