Регион 28. мај 2019. / 10:39

Вучиќ ќе се обрати на јавноста за најновите случувања на Косово

Вучиќ ќе се обрати на јавноста за најновите случувања на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во 10.30 ќе ги извести пратениците во Собранието и граѓаните на Србија за најновите случувања на Косово.

Вучиќ утринава покренал интензивни дипломатски активности после упадот на специјалните единици РОСА на северот на Косово, речено е во неговиот кабинет.

Претседателот на Србија побарал од западните политички центри да ја зауздаат Приштина и ставил до знаење дека Србија нема да дозволи етничко чистење на Косово.