Регион 15. ноември 2018. / 16:14

Вучиќ ќе набавува ракетни системи од Кина

Вучиќ ќе набавува ракетни системи од Кина

Официјална реакција од кинеска страна нема, но се очекува на средбата идната година меѓу Вучиќ и Си Цинпинг во Србија тие да договорат деталите околу набавката

Председателот на Србија, Александар Вучиќ, барал од кинескиот претседател Си Цинпинг три ракетни системи ФК-3, а за деталите околу набавката треба да се договорат во текот на посетата на кинескиот председател на Србија следената година. Како што пренесува весникот “Блиц”, Вучиќ го молел Си за три дивизиони моќни ПВО системи.

– Вучиќ бараше три системи: ФК-3 за цена од 200 милиона долара. Едан кошта 100 милиони, но настојуваме доколку Кина се согласи , практично да земеме три системи, а да платиме за два –открива извор на весникот.

Доколку успее договорот, со тоа Србија би се осигурила дека нема да биде нападната од страна.

– За одбрана на Белград доволен е еден ракетен систем, додека три до пет би можеле да ја покријат целата територија на Србија-тврди соговорникот.

Како што открива изворот официјална реакција од кинеска страна нема ,но се очекува на средбата идната година меѓу Вучиќ и Си да стане збор и околу овој договор.

Кинескиот председател пет пати годишно ја напушта Кина, а во неговата агенда за 2019 година ке се најде и Србија.
Во текот на таа посета се очекува да се разработат и деталите за набаката на ракетните системи.

Дека Вучиќ има намера да набави ракетен систем спомена и на воената вежба “Век на победниците”

– Кога би кажал кое оружје сме нарачале ,ќе ни воведат санкции – изјави тогаш Вучиќ.

Кинескиот систем има ознака ХЉ-22, додека тие за извоз се именуавни со назнака ФК-3. Во прашање е систем произведен во 2014, развиен на стара платформа ХЉ-12.
ФК-3 е ПВО систем од среден дострел , има капацитет да собори борбени авиони од третата генерација, крстосувачки ракети, борбени хеликоптери и беспилотни летеала.

Извозната верзија која ја добива Србија е послаба од онаа за кинеската војска, но и понатаму е респектабилна: ефективно уништување на мети во должина до 100 км и висини од 50 м до 27 км, се монтира на шасијата на камион марка “Схаанџи# и испалува 12 ракета на шест мети истовремено, поседува радар за следење и пресретнување , поседува радиокоманда и полуактивно насочување.

Постои можност Србија покрај ФК-3 да добие и неколку беспилотни летала кои летаат со брзина од 370 км на час и можат да служат и како дронови-бомбардери.

Ова верзија на кинескиот ПВО систем не може да се мери со С-400 или со американскиот “Патрио#, но и тоа како може да ја заштити целта.Во прашање е верна копија на рускиот ПВО систем С-300.
Покрај Србијае,засега никој нема купено баш ФК-3, но слични модели се извезуваат во Малезију, Мјанмар, Узбекистан, Тајланд и Туркменистан.