Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот твитер профил објави писмо упатено до портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчиќ, во кое бара таа да ги објави заклучоците за тоа што се случило во случајот со труење во Приштина.
– Целосно сум сигурен дека по неколку денови внимателно надгледување на слуајот „труење“ во Приштина сега мора да имате заклучоци за тоа што точно се случило – пишува во пораката на Вучиќ до Коцијанчиќ
Со оглед на тоа што верува дека има донесени заклучоци Вучич побара од портпаролката јавно да и објасни на целата европска јавност дали постои каков било доказ дека некој Србин со антракс или со друг отров отрул луѓе што броеле гласови.
– Доколку случајно се покаже дека сите обвинувања се лажни, ве молам да потврдите и да објавите кој ја стартувал таа лага – заклучува Вучиќ.
@MajaEUspox pic.twitter.com/VbSrfji7VD
— Александар Вучић (@predsednikrs) October 18, 2019