Регион 09. јули 2018. / 15:45

Вучиќ: Испраќањето црногорски НАТО офицери на Косово не е пријателски чин

Вучиќ: Испраќањето црногорски НАТО офицери на Косово не е пријателски чин

Испраќањето офицери на војската на Црна Гора на Косово не е пријателски чин, оцени српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој кажа дека црногорскиот премиер Душко Марковиќ при посетата на Белград кажал дека Црна Гора разбира колку е Косово болно и тешко прашање за Србија, и дека кон него ќе се однесува со особено внимание, земјаќи ги предвид и интересите на Србија.

„Тие не нѐ прашаа. Тие се суверена држава и тоа е нивно право, но знаат каков е нашиот став околу Косово и Метохија. Не дека тие нешто значајно ќе прават, еден, двајца или тројца од нив, тоа е без врска, нема никаков ефект, освен да ја исполнат задачата што ја добиле од НАТО“, кажа Вучиќ.

Според него, тоа не е пријателски гест кон Србија.

„Напред, момци, работете си ја вие работата. Ние знаеме дека тоа не е воопшто пријателски гест кон Србија. Ние ќе си ја работиме својата работа и тоа е тоа“, заклучи српскиот претседател.