Регион 07. септември 2018. / 09:33

Вучиќ им наредил на безбедносните сили да прекинат комуникација со косовската полиција и КФОР

Вучиќ им наредил на безбедносните сили да прекинат комуникација со косовската полиција и КФОР

Српскиот претсетадел Александар Вучиќ наредил на армијата, а потоа побарал од полицијата и од разузнавачката агенција да прекинат секаква комуникација со косовската полиција, КФОР и кои било албански и меѓународни претставници кои се активни на територијата на Косово, по повод неговата посета, јави Танјуг.

Вучиќ вечерва ќе донесе одлука за можно заминување во посета на дел од Косово, а според српската агенција, меѓу неговите соработници има целосна поделеност за прашањето за посетата на Косово.

Посетата на претсетаелот на Србија, претходно најавена за  утре и задутре, ненајдено беше доведена во прашање по информациите дека Приштина има намера да го спречи да ја посети Газивода. јт