Регион 18. јули 2018. / 09:38

Вучиќ и Тачи денес разговараат во Брисел, прво на одвоени состаноци, потоа на трилатерална средба

Вучиќ и Тачи денес разговараат во Брисел, прво на одвоени состаноци, потоа на трилатерална средба

Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска ќе се состане со косовскиот претседател, Хашим Тачи во Брисел, во рамки на новата рунда дијалози меѓу Белград и Приштина.

Состанокот на којшто ќе присуствува и шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, би требало да заврши рано попладнево. Во косовската делегација, освен Тачи се очекува да пристигне и премиерот Рамуш Харадинај и претседателот на парламентот, Кадри Весели.

Во делегацијата од Белград, покрај Вучиќ ќе биде и шефот на канцеларијата за КиМ, Марко Ѓуриќ.