Регион 12. јануари 2021. / 22:36

Вучиќ и порача на Приштина: Не смеете да се пријавувате за членство во меѓународни организации, ве чекаат бројни изненадувања

Вучиќ и порача на Приштина: Не смеете да се пријавувате за членство во меѓународни организации, ве чекаат бројни изненадувања

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им порача на косовските власти дека треба да ги почитуваат договорите што ги потпишуваат.  И дека, ако се пријават за членство во меѓународните организации, ги чекаат големи изненадувања.

На најавата на политичарите од Приштина дека ќе поднесат барање за зачленување во меѓународните организации, Вучиќ кажа:

-Тие немаат појма, не ги читаат договорите кои ги потпишуваат. Не смеат да се пријават за членство во меѓународните организации. Ако се пријават, ќе ги чекаат бројни изненадувања, истакна тој.

Вучиќ кажа дека со таа порака не им се обраќа на политичарите во Приштина, туку на нивните ментори, „оние кои им ја правеа таканаречената држава“.

Ако не се држите до договорите, јас ве информирам – ќе се соочите со бројни изненадувања, позитивни за српскиот народ, но не и за вас, кажа српскиот претседател не навлегувајќи во детали.