Регион 11. јуни 2020. / 18:00

Вучиќ ги откажа сите предизборни митинзи на својата партија

Вучиќ ги откажа сите предизборни митинзи на својата партија
фото: Танјуг

Претседателот на Србија Александар Вучиќ предложи вечерва на седница на изборниот штаб сите предизборни митинзи на партијата да бидат откажани, неофицијално јавуваат српските медиуми.

Како причина се наведува здравјето на граѓаните на Србија, бидејќи Вучиќ не сакал на никој начин да ја загрози состојбата на населението, особено што на предизборните митинзи на владејачката партија во Србија се очекуваат голем број луѓе.

Првиот ваков собир требаше да се одржи во петок во Нови Сад, и на него се очекуваше присуство на најмалку 30.000 поддржувачи на Српската напредна партија.

Вучиќ вечерва на седница на изборниот штаб на СНС го изнел предлогот иако епидемилошката ситуација во Србија е далеку од драматична и покрај ставот на експертите дека не треба да се забрануваат масовни собири.

Како што дознава Б92, предлогот на Вучиќ бил усвоен со тесно мнозинство.