Регион 21. декември 2019. / 18:09

Вучиќ: Единиците за вонредни ситуации на Србија, Албанија и С. Македонија ќе имаат тесна соработка

Вучиќ: Единиците за вонредни ситуации на Србија, Албанија и С. Македонија ќе имаат тесна соработка

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по регионалниот состанок во Тирана, изјави дека единиците за вонредни ситуации на Србија, Албанија и С. Македонија тесно ќе соработуваат и дека, доколку се случи некоја трагедија – пожар, поплава, земјотрес во една земја – сите расположливи сили од другите земји ќе бидат на располагање на таа држава.

Тој уште најави дека ќе се формира единствен пазар на труд ,така што граѓаните на Србија, Албанија или С. Македонија можат без пречки да работат во која било од трите земји, што е од големо значење, со оглед дека сите три држави имаат проблем со работната сила.