Регион 13. септември 2018. / 15:48

Вучиќ: Боли глава од лесни решенија, со аспирин не се лечи рак

Вучиќ: Боли глава од лесни решенија, со аспирин не се лечи рак

Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави денеска дека Белград ќе ги продолжи разговорите со Приштина, но веројатно нема да успее да постигне договор.

„Важно е дека и доколку не успееме да постигнеме договор, што е доста веројатно, некој после нас ќе мора да го постигне, бидејќи без долгорочна изградба на мир нема да бидеме во ситуација да продолжиме со успешните економски резултати“, рече Вучиќ.

Тој порача дека Србија мора да се грижи за децата и да размислува за нив, а не за тоа како да им се додворува на оние кои сакаат лесни решенија.

„Од такви решенија воглавно боли глава, тоа ви е како да лечите рак со аспирин“, рече Вучиќ.

Повтори дека решението какво и да се биде, би било болно и за Србите и за Албанците, бидејќи не постојат лесни решенија.