Регион 13. септември 2018. / 18:26

Вучиќ бара гаранциите за членство во ЕУ да бидат дел од договорот со Приштина

Вучиќ бара гаранциите за членство во ЕУ да бидат дел од договорот со Приштина

Ако некогаш постигнеме каков било договор со Приштина, Србија би можела да добие јасни гаранции дека ќе стане членка на ЕУ во 2025 година, изјави денеска претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Белград и Приштина од 2013 година се посветени на дијалогот под покровителство на ЕУ, со цел подобрување на односите и решавање на сите отворени прашања меѓу двете страни, но дека оттогаш не е постигнат голем напредок.