Пациент за кого има сомненија дека е заразен со коронавирус се наоѓа на Клиниката за заразни болести на Универзитетскиот клинички центар во Приштина, потврди косовскиот министер за здравство Арбен Витиа.
Весникот „Лајме“ пренесува дека министерот наведе дека резултатите од тестирањето на пациентот ќе бидат познати за два часа.
Во саботата во Приштина кај уште еден пациент беше изразен сомнеж за присустово на вирусот, но резултатите беа негативни.