Триесетгодишниот маж О.М. му подлегна на повредите од огнено оружје, а 23-годишниот Е.С. е тешко повреден во пукање кое се случи во Косово, пренесува Коха.
Тие се префрлени во косовскиот клинички центар, каде О.М му подлегна на повредите.
Двајцата се граѓани на Косово, соопшти полицијата.
Според нив, пукањето се случило синоќа, а нив ги нападнале, засега, непознати лица.
Истрагата е во тек.