САД и ЕУ ги бриближија ставовите до поддршката на планот за корекција на границите меѓу Косово и Србија, игнорирајќи го спротивставувањето на Германија на планот, пишува американскиот „Волстрит журнал“, цитирајќи доверлив документ од Брисел, на кој весникот имал увид.
„Лидерите на САД и ЕУ се доближуваат до поддршката на планот, според кој двете балкански земји ќе ја заобиколат својата затегнато заедничка граница долж етничките линии, изолирајќи ја Германија, највлијателна сила на континентот, во отфрлањето на ваквиот пристап”, вели „Волстрит журнал“, цитирајќи документ.