Регион 24. јули 2018. / 13:55

Во вила во „Мата“ пронајдени 26 изгорени тела – прегрнати заминале во смрт

Во вила во „Мата“ пронајдени 26 изгорени тела – прегрнати заминале во смрт

Во одмаралиштето Мата, во една вила се пронајдени 26 изгорени тела на луѓе настрадани во големиот пожар кој го зафати овој дел близу Атина.

Огнената стихија која ја зафати околината на Атина не се намалува од вчера, а локалните медиуми и итните служби јавуваат дека бројот на жртви рапидно се зголемува.

Во една вила во одморалиштето Мата, на околу 40-тина километри од главниот град Атина, пронајдени се 26 изгорени тела. Како што пренесува тамошниот Црвен крст, се претпоставува дека во прашање биле членови на семејства, а многу од нив се пронајдени гушнати.

-За жал пронајдовме 26 изгорени тела, меѓу две куќи во местото Аргира Акти, изјави Никос Економопулос од грчкиот Црвен крст за државната телевизија.

-Тела се пронајдени на брегот, 15 метри од брегот. Полициските сили ја блокираа областа. Овие луѓе најверојатно се обиделе да побегнат до брегот, но огнот ги блокирал, изјави фотограф на агенцијата АНА.

-Она што се случува овде е „црн пекол“откако поминав низ стотина изгорени автомобили и куќи, стигнав до двор каде имаше голем број мртви, некои од нив лежеа на земја, а над нив магла од чад и ужасна смрдеа низ воздухот“ рекол новинарот.

Бројот на официјално потврдени загинати во вчерашните пожари во Грција е 50 лица, додека пак 172 се повредени од кои 11 сериозно, а по воден пат биле спасени 715 лица.