Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, и бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, се согласија за време на разговорите во Вашингтон дека е важно да се зајакнат стабилноста, безбедноста и просперитетот на земјите од Западен Балкан.
Помпео и Захариев, исто така, разговараа и за значењето на билатералните односи меѓу САД и Бугарија, плановите на Бугарија за модернизација на нејзината војска и диверзификацијата на енергијата како приоритет за европската енергетска безбедност, објави американскиот Стејт департмент во своето соопштение.