Регион 06. март 2021. / 09:36

Во Србија вчера стигнаа уште пола милион дози од кинеската вакцина

Во Србија вчера стигнаа уште пола милион дози од кинеската вакцина

Нови половина милион дози од вакцината на кинеската „Синофарм“ вчера пристигнаа во Белград. На аеродром ги пречека српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој и се заблагодари на Кина за оваа, но и за претходните пратки.

Надвор од протоколот, вечерва дојдов на аеродромо „Никола Тесла“. Нашиот најголем авион, А330 донесе 500.000 вакцини од Синофарм. Дојдов за уште еднаш да ја изразам својата почит и благодарност кон претседателот Си Џипинг и кон кинескиот народ, рече Вучиќ во видеообраќањето од аеродромот.