Регион 16. мај 2019. / 17:48

Во Србија денот на Кирил и Методиј ќе биде државен празник

Во Србија денот на Кирил и Методиј ќе биде државен празник

Владата на Република Србија на денешната седница го усвои Предлог-законот за дополнување на Законот за државни и други празници со кој предлага 24 мај да биде нов празник – Ден на Кирил и Методиј.

Со овој празник ќе се одбележува Денот на словенската писменост и култура, кој го втемелија словенските просветители Кирил и Методиј, основачите на словенската книжевност и креаторите на првото словенско писмо – глаголицата, соопштија од Кабинетот за соработка со медиумите на српската Влада.