Регион 31. јануари 2021. / 15:28

Вo Солун се појави случај на јужноафриканската мутација на коронавирус

Вo Солун се појави случај на јужноафриканската мутација на коронавирус

Oд Секретаријатот за цивилна заштита на Грција соопштуваат дека по состанокот одржан денеска со епидемиолозите, било одлучено Хардаљас и Аркуманес да заминат за Солун за да ја оценат ситуацијата.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас и претседателот на Националната организација за јавно здравје итно заминаа за Солун по откриен случај на јужноафриканската мутација на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција соопштуваат дека по состанокот одржан денеска со епидемиолозите, било одлучено Хардаљас и Аркуманес да заминат за Солун за да ја оценат ситуацијата.

Станува збор за прв потврден случај во Грција на јужноафриканскиот вид на Ковид-19, додека пак во земјата има 66 случаи на британската мутација, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција објавени во текот на минатата седмица.