Регион 03. април 2020. / 14:22

Во Словенија се намали бројот на новозаразени од коронавирусот

Во Словенија се намали бројот на новозаразени од коронавирусот

Според податоците на здравствените власти во Словенија се регистрирани 37 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, што претставува намалување во споредба со вчерашниот ден кога имаше 56 новозаразени.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, бројот на хоспитализирани лица поради Ковид-19 падна од 119 на 112. На одделот за интензивна нега, има двајца пациенти помалку, односно таму сега се лекуваат само 29.

Нема податоци за нови починати како последица од коронавирусот.

Во Словенија има вкупно 934 лица заразени со коронавирусот.