Регион 22. март 2020. / 17:59

Во Словенија 414 лица се заразени со корона вирус, тестирани се 13 илјади

Во Словенија 414 лица се заразени со корона вирус, тестирани се 13 илјади

Бројот на лица заразени со коронавирусот во Словенија и натаму се зголемува и според последните информации на Националниот институт за јавно здравје во земјата има 414 потврдени случаи.

Досега за коронавирусот се тестирани вкупно 13.098 лица.

Ситуацијата и натаму е тешка во домот за стари лица во Шмарје при Јелшах. Докторите вчера тестираа 36 лица, а резултатите покажаа дека сега вкупно 18 се заразени.

И натаму Љубљана и околината се со најголем број заразени со коронавирусот.